Најмалку пет лица загинаа во железничка несреќа во Индија

пред 3 години

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 45 се повредени кога патнички воз излета од шините во индиската држава Западен Бенгал, соопштија денеска официјални лица.

Според агенцијата АП, 12 вагони од патничкиот воз скокнале од шините, а три се превртеле.

На сликите од местото на несреќата се гледаат патници заглавени во искривен метал, додека спасувачите итно се обидуваат да ги извлечат.

Share
Scroll to Top