Најмалку пет лица се повредени со нож во Германија

пред 3 години

Најмалку пет лица се повредени во регионален воз во Германија кога маж со иранско потекло ги нападнал со нож, соопштија властите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Министерот за внатрешни работи на регионот Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл изјави дека триесет и едногодишниот напаѓач е под истрага за потенцијален екстремизам од периодот кога живеел во бегалски хостел во 2017 година, но дека мотивот за нападот се уште не е утврден.

Четворица од повредените се пренесени во болница поради повреди на рацете, лицето и главата, додека едното лице е прободено со нож во стомакот. Ниту еден од нив не е во животна опаснот, објави АП.

Повреден е и напаѓачот кој е пренесен на клиниката.

Германската новинска агенција ДПА ги цитира обвинителите во Ахен дека се уште немаат цврсти докази дека нападот бил мотивиран од исламизам, пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top