Најмалку седум лица загинаа во експлозија во Авганистан

пред 2 години

Најмалку седум лица загинаа во експлозија во западниот авганистански град Херат.

Уште девет лица се повредени во претежно шиитската област, изјави д-р Ариф Џалали, директор на провинциската болница Херат. Повеќето од примените во болницата се жени, додаде тој. Портпаролот на провинциската полиција Махмуд Шах Расоли рече дека експлодирала бомба прикачена на возило.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Прикачувањето бомби на долната страна на возилата е стара тактика на талибанците, кои моментално владеат во Авганистан, a ја користеа против поранешните власти и истакнати Авганистанци. Истата тактика во Авганистан ја користеше Исламската држава против шиитите.

Исламската држава ја презеде одговорноста за голем број напади откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во август. Талибанците, пак, ги ловат соработниците на Исламската држава напаѓајќи ги нивните скривалишта.

Двете екстремистички групи се судираат откако Исламската држава се појави во Авганистан на почетокот на 2015 година.

Share
Scroll to Top