Најмалку четворица загинати во пожар во болница во Романија

пред 3 години

Најмалку четири лица загинаа во болницата за инфективни болести во Констанца, Романија, кога утрово избувна пожар во единицата за интензивна нега, пренесуваат светските агенции.

Романската новинска агенција „Адјерпрес“ пренесува дека има повеќе жртви, а романски портали наведуваат дека, според неофицијални податоци, осум лица загинале, додека 113 се евакуирани.

Според Инспекторатот за вонредни ситуации, пожарот избувнал на првиот кат од зградата, а се уште не е познато дали избувнал во одделението или во ординација.

Работите дополнително се комплицираат со фактот дека има пациенти кои се неподвижни, пренесуваат агенциите.

Болницата е стара помеѓу 60 и 70 години, а пожарникарите итно интервенирале бидејќи во одделенијата има шишиња со кислород.

Се додава дека некои пациенти биле евакуирани преку прозорците.

Share
Scroll to Top