Најмалку 11 загинати и 27 повредени во судир на туристички автобус и камион во Турција

Најмалку 11 загинати и 27 повредени во судир на туристички автобус и камион во Турција

пред 4 часа

Најмалку 11 лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во западниот дел на Турција, откако туристички автобус се судрил со камион на автопатот во провинцијата Маниса.

Несреќата се случила денеска околу 11 часот по локално време, во близина на наплатната рампа Акхисар, на автопатот Гебзе – Орхангази – Измир, соопштија локалните власти, пренесува Танјуг.

Според првичните информации, туристичкиот автобус се движел од Бурса кон Измир, кога во близина на Акхисар се судрил со камионот.

Во несреќата загинале најмалку 11 лица, а 27 биле повредени.

По несреќата, на местото биле испратени бројни екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полиција. Биле започнати и спасувачки активности, а повредените биле пренесени во околните болници.

Турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи ја потврдил бројката на загинати и информирал дека надлежните служби се на терен и внимателно ја следат ситуацијата.

 

Текстот Најмалку 11 загинати и 27 повредени во судир на туристички автобус и камион во Турција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top