Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања (OCHA) цитирајќи податоци од националната агенција за вонредни состојби.
„До 17 декември 2024 година околу 174.158 луѓе се погодени од циклонот, 34 лица загинаа, а 319 се повредени“, се вели во соопштението на OCHA цитирано од Мозамбичкиот институт за природни катастрофи, пренесе „Ројтерс“.
Малиот француски остров Мајот го презеде најголемиот дел од циклонот, при што се верува дека илјадници луѓе загинале пред циклонот да продолжи кон Мозамбик, на источниот брег на јужна Африка.
Текстот Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик е превземен од МАКФАКС.






