На Кипар откриен делтакрон – хибрид на делта и омикрон

пред 2 години

Хибрид од делта и омикрон варијантата на коронавирусот е откриен на Кипар, а веќе се пријавени 25 случаи на зараза.

Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибрид делтакрон и предупреди дека светот во иднина ќе види дали овој вид е позаразен и дали ќе преовладува над сегашните видови, пишува „Раша тудеј“.

Кострикис, сепак, рече дека хибридот најверојатно ќе биде совладан од варијантата омикрон, која веќе масовно циркулира.

Иако некои изразија загриженост поради вестите за новиот вид, неколку научници го отфрлија откритието, нарекувајќи го медиумско заплашување и лажна тревога.

Share
Scroll to Top