На украинските пратеници им e забрането да ја напуштат земјата

пред 3 години

Вадим Рабинович, пратеник на украинската Рада од партијата „Опозициска платформа – за живот“, изјави дека на украинските парламентарци им е забрането да ја напуштат земјата, пренесуваат медиумите во светот.

„На членовите на Врховната Рада им е забрането да ја напуштат Украина“, напиша Рабинович на Фејсбук.

Претходно, Александар Качура, пратеник на партијата „Слуга на народот“ на претседателот Владимир Зеленски, изјави дека на членовите на неговата партија во Радата им било препорачано да не ја напуштаат земјата, пренесе РИА Новости.

Поради Украина, односите меѓу Русија и Западот се најзатегнати од Студената војна, анализираат медиумите.

Западот тврди дека Русија може да ја нападне Украина во секое време, додека Москва ги отфрла тие обвинувања и нагласува дека ги брани сопствените безбедносни интереси бидејќи НАТО се приближил до нејзините граници.

Share
Scroll to Top