На 20 февруари Русија ќе ја регистрира третата вакцина против коронавирус

пред 4 години

Третата вакцина против коронавирус – „ковивак“, што ќе ја произведува центарот „Чумаков“, ќе биде регистрирана во Русија на 20 февруари, објавена е на владината веб-страница посветена на коронавирусот, пренесува РИА новости.

Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против коронавирусот – вакцината „спутник В“ развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ на руското Министерство за здравство и вакцината „епивак“ на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнолошка вектор, пренесува „Танјуг“.

Share
Scroll to Top