Неаполската мафија вклучена во бизнис со брзата помош, за услугите наплаќале 20 пати повеќе

пред 3 години

Криминалната организација Камора во Неапол го регулира и превозот на пациенти и починати со приватни амбуланти возила, се вели во истражување спроведено од тимот на весникот „Фанпејџ“.

Приватна фирма за транспортни услуги на извесен Марко Салвати, со помош на Камора, обезбедила монопол за итен превоз на пациенти, наплатувајќи ги услугите од десет до 20 пати повеќе од вообичаената цена.

Салвати на една мајка и наплатил 500 евра за пренесување на нејзиниот болен син од куќата до болница, што предизвикало бес кај граѓаните во шпанските населби и тоа било причина весникот да започне сопствена истрага.

Со помош на скриени камери и тајно снимени разговори, весникот го открил случајот на т.н. „црн крст“.

Во државната болница во Неапол, Салвати ја елиминирал конкуренцијата заканувајќи се со оружје, испраќајќи свои луѓе и поткупувајќи го болничкиот персонал, со цел себеси да си обезбеди работа, а весникот го документирал сето тоа.

Компанијата на Салвати, спротивно на законот превезувал починати од болница до домовите (законот дозволува починатиот да биде пренесен само на гробишта), а за таа услуга наплатувала и до 1.500 евра.

На оние кои на крајот би одбиле или се побуниле заради високата цена на услугата, тој им испраќал луѓе на мафијата за да ги „премислат“.

Советникот за регионална влада, Емилио Борели претходно изјави дека станува збор за опасно учество во организиран криминал и го опиша сопственикот на приватниот бизнис Марко Салвати како лице кое вознемирува и предизвикува проблеми, но дури и тоа не беше доволно за да се запрат неговите постапки.

Share
Scroll to Top