Три девојчиња се пронајдени мртви во нивниот стан во регионот Алфорвил во Париз, врз основа на пријавата на нивниот татко кој сам влегол во полициската станица и го признал убиството.
Девојчињата на возраст од 5, 10 и 11 години се пронајдени попладнево, додека првичните резултати од истрагата покажуваат дека најмалку две починале од убодни рани.
Полицајците веднаш биле испратени на местото на настанот, но успеале да ја констатираат смртта на трите деца, дури откако насилно ја отвориле вратата од заклучената куќа.
Околностите на трагедијата се уште не се познати, додека мажот кој се претставил како нивен татко, на полицијата и судските служби веќе и е познат за насилство во семејството и врз 15-годишник.
Фактите за кои беше осуден во 2021 година го одвоија од партнерката и ќерките, поради што имаше семејна забрана.
Полицијата се уште трага по мајката. Полицијата стравува дека можеби и таа претрпела насилство.
– Се уште не знаеме во кое училиште се школувале трите девојчиња, но единиците за психолошко слушање очигледно ќе бидат распоредени овој понеделник наутро по оваа страшна семејна трагедија – ветува Лук Карвонас, градоначалник на Алфорвил.
Текстот Невиден хорор во Франција: маж си ги убил трите ќерки и сам отишол во полиција, мајката мистериозно исчезната е превземен од МАКФАКС.