Стапката на невработеност во Австрија падна во јуни од 6,4 отсто во мај на 6,2 отсто и сега е најниска во последните девет месеци, објави денеска австриската јавна служба за вработување (АМС).
Бројот на регистрирани невработени во Австрија се зголемил за 24.700 на годишно ниво, се наведува на веб-страницата на АМС.
Невработеноста во Австрија е во согласност со трендовите во еврозоната.
Текстот Невработеноста во Австрија во јуни падна на 6,2 отсто, што е најниско ниво во последните девет месеци е превземен од МАКФАКС.






