„Нема да пишуваш повеќе“-Турски новинар, критичар на Ердоган, нападнат во Берлин

пред 3 години

Турски новинар, кој е отворен критичар на претседателот Реџеп Таип Ердоган и живее во егзил во Германија, бил повреден откако бил нападнат пред неговата куќа од тројца мажи кои наводно го предупредиле да престане да пишува, пренесуваат светските гласила.

Ерк Аџарер, колумнист за турскиот весник „Биргун“, во видео објавено на Твитер вели дека нападот се случил доцна вчеравечер во дворот на неговиот дом надвор од Берлин, пренесуваат агенциите.

Тој претрпел оток на главата и бил задржан во болница неколку часа на опсервација.

Берлинската полиција го потврди нападот, наведувајќи дека Аџарер бил нападнат од неколку лица во областа Рудов.

На видео на Твитер, Аџарер вели дека еден од напаѓачите го предупредил на турски: „Повеќе нема да пишуваш“.

Претходно, новинарот објави своја фотографија, пишувајќи дека бил нападнат со „тупаници и ножеви“.

„Ги познавам напаѓачите. Никогаш нема да му се покорам на фашизмот“, напиша Аџарер, пренесуват медиумите.

Според нивните анализи, пет новинари се осудени за кршење на законите на турските разузнавачки служби и откривање на доверливи информации, а постапката против Аџарер продолжува.

Share
Scroll to Top