Нема договор меѓу членките на ЕУ за забрана на увоз на руска нафта

пред 2 години

Европската унија се’ уште не постигна договор за шестиот пакет санкции против Русија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ рече дека се уште нема консензус за предложената забрана за увоз на руска нафта.

„Ќе продолжиме да воведуваме санкции кон Русија, со цел да ги направиме последиците од инвазијата неподносливи за Кремљ. Ќе продолжиме да зборуваме за тоа. За жал, денеска не беше можно да се постигне договор за финализирање на шестиот пакет санкции“, рече Борел.

Тој објасни дека шефовите на дипломатиите разговарале за секаков вид поддршка за Украина, економска и воена и договориле дополнителна помош од 500 милиони евра за набавка на оружје, со што вкупната сума што ЕУ ја наменила за таа намена достигна две милијарди евра.

Предупреди и на последиците од војната во Украина врз безбедноста на храната во светот и економијата на многу земји во развој.

„Мораме да и’ помогнеме на Украина да продолжи со производството и извозот на житарици и пченица“, рече Борел.

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Share
Scroll to Top