Нема трага од исчезнатата подморница со 53 лица, во потрагата се вклучија повеќе земји

пред 4 години

Шeст индиски воени бродови ја бараат индонезиската подморница со 53 члена на екипажот, која исчезна вчера во водите недалеку од Бали, пренесува „Би-би-си“. Покрај бродовите, во потрагата е вклучен и хеликоптер. Вкупно, околу 400 лица се вклучени во потрагата.

Сингапур и Малезија досега биле вклучени во потрагата, а Америка, Австралија, Германија и Франција понудиле помош, известува „Би-би-си“.

Вчера, индонезиското Министерство за одбрана објави дека е пронајдена нафтена дамка во областа каде што подморницата изгубила контакт, пишува АФП. „Би-би-си“ пишува дека сè уште не е познато дали оваа трага е поврзана со оштетување на резервоарот за гориво или е сигнал од екипажот. Според некои информации, исчезнувањето на подморницата се случило откако тие побарале дозвола да се нурнат во подлабоки води.

„Знаеме дека оваа област е доста длабока“, изјави за „Франс прес“ адмиралот на морнарицата Џулиус Виџојоно.

Подморницата КРИ „Нангака-402“ од германско производство со 53 члена на екипажот спроведувала вежба за торпедо во водите северно од Бали.

 

Share
Scroll to Top