Непалецот наречен детето Буда осуден за силување девојче, осомничен е и за исчезнување луѓе

Непалецот наречен детето Буда осуден за силување девојче, осомничен е и за исчезнување луѓе

пред 6 месеци

Контроверзниот непалски духовен водач за кој следбениците веруваа дека е реинкарнација на Буда е осуден за сексуално малтретираање деца, соопштија локалните власти.

Рам Бахадур Бомјан (33), познат како момчето Буда, почнал да собира следбеници како тинејџер кога се раширија шпекулации дека може да медитира неподвижен со месеци без вода, храна или сон.

„Во понеделникот окружниот суд го прогласи Бомјан за виновен за сексуално малтретираање деца“, изјави Сикиндар Капар, портпарол на судот во градот Сарлахи. Судот треба да ја изрече неговата пресуда следниот месец, пишува „Франс прес“.

Низа скандали

Во 2020 година властите издадоа налог за негово апсење за сексуално малтретираање малолетно девојче, кое наводно било калуѓерка во неговиот ашрам во областа Бара. Тој беше уапсен во јануари годинава, откога долго се криеше од властите.

По дојавата, полицијата го следела 33-годишникот до предградието на Катманду и го уапсила додека се обидувал да избега. Официјални лица заплениле повеќе од десетина мобилни телефони, пет лаптопи и таблети и повеќе од 200.000 долари и девизи од неговиот дом, јавува Си-ен-ен.

Десетици обвиненија за напад беа поднесени против детето Буда во 2010 година бидејќи тој наводно тепал жртви, кои го вознемирувале за време на медитација. Во 2018 година девојче го обвини дека го силувал во ашрам кога била малолетна. Во 2019 година полицијата го пребара неговиот ашрам додека го истражуваше исчезнувањето на четворица негови следбеници. Истрагата за тие случаи сѐ уште е во тек.

Детето Буда

Во 2005 година, на 15-годишна возраст, Бомјан се повлече во џунглата за да се посвети на молитвата 10 месеци, објавија тогаш локалните медиуми. Неговите следбеници еднаш изјавиле дека во тој период тој не јадел, не пиел вода и не спиел.

Овие тврдења никогаш не беа официјално потврдени, но тоа не спречи да се развие еден вид култ за него во кој неговите следбеници го гледаа како реинкарнација на Сидарта Гаутама. Гаутама е роден во Непал пред речиси 2.500 години, а подоцна станал познат како Буда, што значи „просветлен“ или „разбуден“.

Илјадници луѓе од целата земја и соседна Индија патувале да го видат додека бил во џунглата. Бомјан почнал да проповеда околу две години подоцна и со своите следбеници основал мрежа на ашрами околу Непал посветена на неговите учења.

Текстот Непалецот наречен детето Буда осуден за силување девојче, осомничен е и за исчезнување луѓе е превземен од МАКФАКС.