Две лица загинаа во експлозија во предградието на градот Андриа, во јужна Италија, рано утрово, откако, според првичните информации, случајно предизвикале експлозија додека се подготвувале да ограбат банкомат.
Телата биле пронајдени на регионален пат, во близина на мала вила и украден автомобил, пренесува АНСА.
На местото биле пронајдени средства што ги користат банди кои ограбуваат банкомати.
Карабинерите започнале истрага, а нивната единица за деактивирање експлозивни направи го испитува местото на настанот.
Текстот Несреќа во Италија: се обиделе да ограбат банкомат, па загинале во експлозија е превземен од МАКФАКС.





