Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети границата со Либан на северот на земјата, каде што рече дека Израел е подготвен да преземе силни акции во областа. Северните погранични градови на Израел, од кои многу се евакуирани, се чести цели на ракетни и беспилотни напади на либанската милитантна група Хезболах.
Ракетите предизвикаа огромни пожари оваа недела, изгореа големи области во северен Израел.
„Оној што мисли дека може да ни наштети и дека ќе седиме со скрстени раце прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција на север. Вака или онака, ќе ја вратиме безбедноста на север“, рече Нетанјаху.
Хезболах, поддржан од Техеран, разменува оган со Израел во последните осум месеци додека трае војната во Газа предизвикувајќи загриженост дека би можел да избувне поширок конфликт меѓу тешко вооружените ривали.
Непријателствата меѓу Израел и Хезболах го достигнаа најлошото ниво откако тие влегоа во војна во 2006 година, а десетици илјади луѓе од двете страни на границата беа принудени да ги напуштат своите домови.
Текстот Нетанјаху дојде на границата со Либан: „Ние сме подготвени да дејствуваме силно овде“ е превземен од МАКФАКС.