Јорданскиот министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран

Нетанјаху: Секој напад врз Израел ќе има висока цена

пред 3 месеци

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, го предупреди Иран и групите на Блискиот Исток блиски до него да не го напаѓаат Израел.

„Ќе бараме висока цена за секој чин на агресија против нас, од каде и да доаѓа“, рече тој денеска на брифинг со командантите, соопшти неговиот кабинет. Израел е во состојба на максимална подготвеност за секоја можност, додаде тој. Ова се однесува и на одбраната и на можните опции за напад.

По убиството на Исмаил Ханије, водачот на палестинската милитантна исламистичка група Хамас, во Техеран во средата, Иран и Хамас му се заканија на Израел со одмазда. Хамас вели дека Израел стои зад нападот врз Ханије, но израелската влада допрва треба да ги коментира овие тврдења.

Веста за убиството на Ханије дојде само неколку часа по израелскиот воздушен напад на периферијата на главниот град на Либан, Бејрут, во кој беше убиен Фуад Шукр, висок командант на проиранската група Хезболах.

Неговата смрт ја потврдија и Израел и Хезболах.

Шиитска милиција, сојузничка со Иран, исто така се заканува со одмазда.

Текстот Нетанјаху: Секој напад врз Израел ќе има висока цена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top