Ниеџиелски: Полска може да бара негативен тест за коронавирус на границата

пред 3 години

Полска се очекува оваа недела да објави нови правила кои вклучуваат негативен резултат од тест за коронавирус за влез во земјата“, изјави полскиот министер за здравство, Адам Ниеџиелски.

„Луѓето со негативен резултат од тест за коронавирус нема да мора да бидат ставени во карантин откако ќе влезат во земјата“, изјави министерот за здравство.

„Го планираме ова за на крајот на оваа недела“, рече тој, додавајќи дека владата нема намера да воведе нови широки ограничувања во следните недели.

Министерот за здравство додаде дека Полска е на почетокот на третиот бран на пандемија на коронавирус, кој најверојатно ќе го достигне својот врв кон крајот на март или почетокот на април.

Полска олесни некои ограничувања, отворајќи скијачки центри, хотели и театри кои можат да пополнат до 50 проценти од капацитетот, но властите предупредија дека можеби ќе треба да се укинат тие чекори во зависност од состојбата со пандемијата.

Share
Scroll to Top