Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

пред 3 часа

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот на режисерот Роб Рајнер. Ник Рајнер, кој е обвинет за убиство на своите родители во семејниот дом минатиот декември, претходно пред судот се изјаснил дека не е виновен, пренесува Ројтерс.

Желбите на семејството
Окружниот обвинител Нејтан Хохман им изјави на новинарите пред судската зграда во центарот на Лос Анџелес дека обвинителите ги почитувале желбите на преживеаните членови на семејството Рајнер при донесувањето на оваа одлука.

Судска постапка
Одлуката на обвинителството беше соопштена непосредно пред прелиминарното рочиште за 33-годишниот Ник Рајнер. На рочиштето се очекува судијата да одреди датум за судење и да разгледа различни правни барања поврзани со случајот.

Убиство на познатиот режисер и неговата сопруга
Роб Рајнер (78) и неговата сопруга Мишел Сингер Рајнер (70) беа пронајдени мртви на 14 декември 2025 година, во нивниот дом во населбата Брентвуд во Лос Анџелес. Двајцата починале од убодни рани, а нивниот син Ник бил уапсен неколку часа подоцна. Два дена по убиствата, тој беше обвинет за две кривични дела убиство од прв степен. Обвиненијата вклучуваат посебни околности поврзани со повеќекратни убиства и употреба на нож, што го изложувало на можност за изрекување смртна казна.

Текстот Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top