„Новавакс“ поднесе барање до СЗО за итна употреба на нејзината вакцина

пред 3 години

Американската компанија „Новавакс“ и нејзиниот партнер – институтот „Серум“ од Индија ја пријавија својата вакцина против Ковид-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација.

Листата на СЗО за вакцини за итна употреба е сигнал до националните регулаторни агенции кога станува збор за безбедноста и ефикасноста на производите.

Исто така, тоа е предуслов за извоз на вакцината во неколку земји кои учествуваат во глобалната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС.

„Новавакс“ и Институтот „Серум“, најголемиот светски производител на вакцини, се обврзаа дека ќе испорачаат 1,1 милијарда дози вакцини на КОВАКС програмата, со цел еднаков пристап до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји.

Протеинската вакцина на Новавакс покажа ефикасност од 90,4 проценти во клиничките испитувања извршени врз околу 30.000 испитаници во САД и Мексико.

Share
Scroll to Top