Новата руска вакцина „спутник лајт“ во употреба за три недели, нејзината ефикасност изнесува околу 80 проценти

пред 4 години

Еднокомпонентната вакцина против коронавирусот „спутник лајт“ може да влезе во цивилна употреба за три недели, изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.

Вакцината „спутник лајт“ е првата компонента на вакцината „спутник В“.

Ефикасноста на вакцината „спутник лајт“ е 79,4 проценти 28 дена по имунизацијата. Ефикасноста беше оценета врз основа на податоците од Русите кои примиле само една доза од вакцината како дел од масовната вакцинација на населението, и кои не добиле втора доза од која било причина во период од 5 декември 2020 година до 15 април 2021 година.

Ефикасноста на вакцината од околу 80 проценти ја надминува ефикасноста на низа вакцини за кои се потребни две дози.

Share