Нова ерупција на вулканот во Конго: Жителите евакуирани

пред 3 години

Десетици илјади луѓе во Конго беа евакуирани поради опасност од нова ерупција на вулканот Ниџирагонго.

Воените власти утрово наредија евакуација на дел од градот Гома во источно Конго, а населението беше привремено преместено бидејќи ерупцијата може да се случи во секој момент.

Иако градот Гома не беше оштетен во вулканската активност во саботата, тој сега е под закана, а властите предупредуваат на можни ерупции не само на копно, туку и под езерото Киву, што може да доведе до експлозии на гас со штетни последици и во соседна Руанда.

Во вулканска ерупција во источниот дел на Конго во саботата загинаа најмалку 32 лица а беа уништени повеќе од 500 куќи, соопштија локалните власти.

Според локален официјален претставник, повеќе од 10 лица загинале во сообраќајните несреќи кои се обиделе да избегаат од загрозената област.

Гома беше уништен за време на вулканската ерупција во 2002 година, кога стотици луѓе починаа, а повеќе од 100.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Share
Scroll to Top