Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков оцени дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Безбедноста во Шведска и Финска нема да се зајакне по влезот во НАТО“ – посочи Рјабков и додаде дека од ситуацијата ќе зависи како Русија ќе ја обезбеди безбедноста во случај двете земји да влезат во Алијансата.
Според Рјабков, влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе доведе до радикална промена на светската ситуација. Тој додаде дека никој не треба да има илузии дека Русија едноставно ќе го прифати тоа, пренесува РИА Новости.