Новинарка: Ќе го депортирате ли Маск?; Трамп: Не знам, ќе мора да видиме

Новинарка: Ќе го депортирате ли Маск?; Трамп: Не знам, ќе мора да видиме

пред 7 часа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека не е сигурен дали да го депортира Илон Маск, објави дописничката на „Дејли мејл“, Емили Гудин, за X.

„Го прашав претседателот Трамп дали би го депортирал Илон Маск, а тој рече дека ќе мора да го разгледа тоа“, објави Гудин.

Подоцна таа го објави одговорот на Трамп на прашањето дали би го депортирал Маск.

„Не знам. Ќе мора да видиме. Можеби ќе треба да испратиме DOGE кај Илон. Знаете ли што е DOGE? Тоа е чудовиште, кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Илон“, рече Трамп.

Текстот Новинарка: Ќе го депортирате ли Маск?; Трамп: Не знам, ќе мора да видиме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top