Новинар убиен во јужно Мексико

пред 2 години

Мексикански новинар е убиен во јужната мексиканска држава Оахака, соопшти денеска локалната полиција.

Ебер Лопез, независен новинар кој го водеше порталот NoticiasWeb, беше убиен во четвртокот, изјавија полициски претставници за мексиканскиот весник Миленио, пренесува Ројтерс.

Лопез бил нападнат во неговото студио за снимање, објави RCP Noticias на социјалните мрежи, додавајќи дека редовно пишувал за политика и корупција во локалната власт.

Share
Scroll to Top