Новиот вид на корона стигна и во Јапонија

пред 4 години

Јапонското Министерство за здравство ги потврди денеска првите случаи на новиот вид на коронавирус, кој неодамна беше откриен во Велика Британија.

Соопштено е дека станува збор за пет лица кои пристигнале во Јапонија помеѓу 18 и 21 декември, пред во земјата да бидат засилени граничните контроли за патниците од Велика Британија.

Маж на возраст од 60 години чувствувал малаксаност, а другите биле без симптоми, пренесе АП.

Сите пет лица бил испратени во карантин директно од аеродромот, а тестовите потврдиле дека се заразени со новиот вид на вирусот.

Share
Scroll to Top