Новиот ирански врховен лидер се закани: „Крвта на мачениците мора да биде одмаздена“

Новиот ирански врховен лидер се закани: „Крвта на мачениците мора да биде одмаздена“

пред 4 часа

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко и претходник, ајатолахот Али Хамнеи, е „барање на нацијата“ и дека „мора да се случи“.

Во писмена порака објавена на неговиот канал на „Телеграм“, Хамнеи наведе дека Иран ќе ја одмазди смртта на својот претходен лидер и на сите други жртви во конфликтите со, како што ги нарече, „злосторничките и посрамени убијци“.

„Ветуваме дека ќе ја одмаздиме крвта на маченичкиот лидер и на сите маченици од овие две војни“, порача Мојтаба Хамнеи.

Али Хамнеи погребан во најважното иранско светилиште

Поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше погребан во најважното верско светилиште во земјата, во градот Машхад.

Тој загина во американско-израелски воздушни напади на 28 февруари, а погребните церемонии беа одржани неколку месеци подоцна.

Новиот лидер останува далеку од јавноста

Моџтаба Хамнеи, кој беше прогласен за нов врховен лидер на Иран на почетокот на март, по смртта на неговиот татко, сè уште не се појавил во јавноста.

Според информациите од ирански извори, тој бил повреден во нападот во кој загина Али Хамнеи и моментално се опоравува. Досега се објавени само негови писмени соопштенија, без фотографии, видео или аудио снимки.

Безбедносни мерки поради можни нови напади

Нејаснотијата околу неговото место на престој и здравствената состојба продолжува да предизвикува шпекулации во Иран.

Иранските безбедносни служби, според извештаите, се обидуваат да го ограничат неговото појавување во јавноста поради страв од можни нови американски напади.

Текстот Новиот ирански врховен лидер се закани: „Крвта на мачениците мора да биде одмаздена“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top