Новите членови на грчката влада положија заклетва придржувајќи се на пропишаните мерки за заштита

пред 3 години

За време на три одделни церемонии пред грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирјакос Мицотакис, сите членови на новата грчка влада денеска положија заклетва, придржувајќи се на пропишаните мерки за заштита од епидемија.

Според АНА, новите членови на кабинетот на премиерот Киријакос Мицотакис положиле заклетва во шестчлени групи, сите со заштитни маски и откако биле тестирани на коронавирусот.

Дезинфекциските средства беа ставени во просторијата и на масата каде што се потпишуваа новите членови на грчката влада, објави АП.

Share
Scroll to Top