Нови закани за француски новинари поради објавата на карикатурата на пророкот Мухамед

пред 3 години

Францускиот весник „Ла Новел Републик“ добил закани откако беа објавени карикатурите на пророкот Мухамед во вчерашното издание, соопштија денеска новинарите од тој весник.

„Новел Републик“ повторно ја објави сатиричната карикатура на пророкот Мухамед од магазинот која ја објави редакцијата на „Шарли Ебдо“, кога пред неколку години терористи упаднаа во таа редакција и ги убија вработените.

Во меѓувреме, две муслиманки биле прободени со нож под Ајфеловата кула во Париз. Француската полиција уапси двајца осомничени напаѓачи, а медиумите пренесуваат дека станува збор за расистички напад затоа што наводно напаѓачите извикувале: „Валкани Арапи!“

Share
Scroll to Top