Нови мерки – Англија ги укинува тестовите за ковид за целосно вакцинирани патници

пред 2 години

Патниците кои доаѓаат во Англија нема да мора да прават тестови за коронавирусот доколку се целосно вакцинирани, потврди денеска премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Одлуката доаѓа откако извршните директори на водечките британски авиокомпании апелираа до владата да ги прекине забраните за патување поради ковид.

Шефовите на компаниите укажаа на доказите дека омикрон полека се повлекува и изјавија дека сегашните мерки имаат „ограничено влијание“ во спречувањето на ширењето на круната.

Од четврток во Англија се укинуваат пасошите за вакцинација и задолжителното носење маски, а луѓето нема да мора да работат од дома.

Share
Scroll to Top