Нови руски напади врз Украина, експлозии во Одеса и Запорожје

пред 3 години

Рано утринава, на социјалните мрежи имаше непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје.

Оливер Керол, дописник на „Економист“, напиша дека слушнал гласни звуци во Одеса, кои би можеле да бидат системи за противвоздушна одбрана што соборуваат проектили.

А во Запорожје, секретарот на градскиот совет, Анатолиј Куртев, на Телеграм напиша дека експлозијата ја погодила железничката станица.

Засега нема детали дали на овие подрачја има жртви.

Share
Scroll to Top