Нови снимки: Русите се доближуваат до Киев, пукаат во населени места

пред 4 години

Американската компанија Maxar објави нови сателитски снимки на кои се гледа како куќите горат додека руските воени трупи се повеќе напредуваат кон главниот град на Украина.

Може да се забележат и долги редици автомобили кои се обидуваат да побегнат од главниот град на Украина. Според Скај њуз, снимката сугерира дека Русите од нивните топови активно пукаат во станбени области.

Се наведува дека во Мошун, град на 23 километри северозападно од Киев, забележани се големи штети и ударни кратери, а може да се забележи и пожар на аеродромот Хостамел, попознат како аеродром Антонов.

Share
Scroll to Top