Нови тензии околу Црното Море

пред 3 години

Два руски ловци Су-30 следеле два американски бомбардери Б-1Б над Црното Море, кои летале кон руската граница, па американските пилоти го смениле курсот, обајвуваат агенциите во светот.

Ова денеска го соопшти и Националниот одбранбен центар на Министерството за одбрана на Русија.

Како што беше прецизирано во соопштението, руските радари вчера откриле цели над Црното Море, кои се приближувале до границите со Русија.

“Со цел да се идентификуваат воздушните цели и да се спречат прекршувања на државната граница на Русија, два авиони Су-30 од поморската авијација и воздушните одбранбени сили на Црноморската флота беа подигнати во воздух. Екипи на руските ловци идентификуваа воздушни цели, како два суперсонични стратешки бомбардери Б-1Б придружувани од два авиони КЦ-135 и ги придружуваа над Црното Море “, соопшти Центарот.

Откако странските воени авиони се тргнаа од државната граница на Руската Федерација, руските борци безбедно се вратија на домашниот аеродром.

„Не беа дозволени прекршувања на државната граница на Руската Федерација“, се заклучува во соопштението. Центарот нагласи дека летот на руските авиони бил извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.

Share
Scroll to Top