Индија постави нов црн светски рекорд во бројот на новозаболени лица со коронавирус. Во изминатите 24 часа се потврдени 352.991 нов случај на Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Индија надмина 17 милиони.
Индија е втора во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД.
Во изминатите 24 часа, 2.812 лица починаа како резултат на коронавирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 195.123.