Обвинение против 12 луѓе за планирање напади на џамии во Германија

пред 3 години

Германското обвинителство подигна обвинени против 12 луѓе поради планирање вооружен напад на џамии, со цел да бидат убиени или ранети што повеќе муслимани.

„ Планирале со нападите на џамиите и убиството или ранувањето на што повеќе муслимани, да предизвикаат услови за граѓанска војна“ се наведува во соопштението на обвинителството.

Официјални лица тврдат дека групата се состанала повеќе пати на приватни локации за да разговараат за нивните планови. Состаноците беа координирани преку апликации за разговор и по телефон.

Во обид да соберат 50.000 евра за повеќе огнено оружје, сите членови на групата, освен еден, се согласиле да дадат четирицифрени суми за каузата. Не е јасно колку пари на крајот биле собрани.

Мажите беа приведени за време на рациите на 14 февруари и сите освен еден сè уште се во притвор. Друг осомничен притворен тој ден починал додека бил во притвор, соопштија обвинителите.

Share
Scroll to Top