Сателитски снимки направени во четвртокот покажуваат делумно ископана масовна гробница пред црквата во Буча, во близина на украинскиот главен град Киев.
Фотографиите, направени од компанијата „Максар технолоџис“ на 31 март, покажуваат ров долг 14 метри југозападно од црквата и официјални лица кои ги отстрануваат телата на украинските цивили.
Не е јасно колку тела се извадени од оваа гробница, но „Москва тајмс“ пишува дека таму биле закопани 57 луѓе.
Градоначалникот Анатолиј Федорук за АФФ изјавил дека властите во Буча веќе закопале 280 луѓе, откако руските трупи се повлекле од областа, додавајќи дека улиците се полни со трупови.
Буча, град со околу 28.000 жители, стана сцена на интензивни борби кога започна инвазијата на 24 февруари. Предградијата на Киев минаа со недели под руска воена контрола, објави „Киев Индипендент“, а кога градот повторно беше заземен, биле пронајдени останки на стотици убиени украински цивили.