Желка на пистата на вториот најпрометен аеродром во Јапонија го одложи полетувањето на пет авиони, пренесува Би-Би-Си.
Желката, тешка нешто повеќе од два килограми, во петокот утрото била забележана како полека се движи по асфалтот на меѓународниот аеродром Нарита, во близина на Токио, што го натерало пилотот да се подготви да полета за да контактира со контролата на летање.
Loose turtle on Tokyo international airport runway prevents flights from taking off #Tokyo #Japan #Turtle #Narita https://t.co/hTnbRb5eAs
— www.THEPIGEONEXPRESS.com (@TPE_connect) September 28, 2021
Вработените на аеродромот го отстраниле животното со мрежа и провериле дали има други животни или туѓи предмети на пистата долга 4.000 метри, што предизвикало 15 минутно доцнење на пет летови, пренесува јапонскиот весник „Маиничи Шимбун“.
Ова се авионите на јапонската авиокомпанија АНА, чиј труп е украсен со светло и темно сини слики на морски желки, декорација што дебитираше во јули минатата година за да го прослави започнувањето на услугата на превозникот на Хаваи, каде што овие животни се сметаат за свети.
„Се смета дека морските желки носат среќа на Хаваите, и се надеваме дека оваа желка што дојде да го испрати летот сигнализира светла иднина“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.