Од Брисел стаса итна порака до Приштина

пред 4 години

ЕУ објави дека новата власт во Приштина, која треба да биде формирана по предвремените парламентарни избори, мора да го продолжи дијалогот со Белград.

Истовремено, Брисел објави дека очекуваат новите власти во Приштина конструктивно да се вклучат во продолжување на дијалогот со Белград и да ја искористат можноста да постигнат сеопфатен договор, изјавија министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Врахеи.

Во заедничката изјава, по вчерашните избори на Косово, Борел и Вархеи наведуваат дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува поддршка за европскиот пат на Косово, но исто така потсетуваат на обврските со кои ќе се соочат идните власти во Приштина.

„ Од Косово се бара да направи напредок во реформите, преку Договорот за стабилизација и асоцијација и Европската агенда за реформи, како и регионалната соработка. Европскиот пат на Косово води низ сеопфатно нормализирање на односите со Србија и ЕУ очекува конструктивен ангажман од новите власти во продолжение на дијалогот со посредство на ЕУ“, рекоа Борел и Вархеи.

Во соопштението се додава дека ЕУ ќе продолжи да ги следи пост-изборните процеси на Косово, каде се очекува формирање на Парламент, Влада и избор на нов претседател.

Share
Scroll to Top