(Од минута во минута) Зеленски ја прекори Европа: Доцните со санкциите, жителите на Мариопул умираат од глад, Јапонија со нови санкции за Русија

пред 2 години

Денес е 30. ден од руската инвазија на Украина

Клучни настани

Џо Бајден пристигнува во Полска

Зеленски: ЕУ доцни со санкциите против Русија

Јапонија ја проширува листата на санкционирани, додадоа уште 25 Руси

Драматичен апел од Мариупол: Луѓето почнаа да гладуваат

Од минута во минута:

08.45 (Видео) Зеленски: ЕУ доцни со санкциите против Русија

Обраќајќи им се на членовите на Европскиот совет преку видео врска, украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на земјите од ЕУ дека доцнат со воведувањето санкции кон Русија

08.38 Русија: Западните санкции само ќе го обединат руското општество

Глупаво е да се верува дека западните санкции против руски компании и бизнисмени би можеле да имаат какво било влијание врз владата во Москва, изјави денеска поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

08.35 Лукашенко за предлогот на Полска: Тоа може да предизвика Трета светска војна

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко предупреди дека предлогот на Полска за распоредување западни мировници во Украина може да предизвика Трета светска војна

08.30 Драматичен апел од Мариупол: Луѓето почнаа да гладуваат

Луѓето во Мариупол умираат од глад, објави Градскиот совет на Мариупол, а пренесуваат агенциите

08.25 Новинар на БиБиСи од Ирпин: Сè е уништено

Еден месец по почетокот на војната во Украина, новинарот на Би-Би-Си Џереми Боуен се врати во Ирпин. Овој град недалеку од Киев стана клучен во битката за главниот град.

08.20 Јапонија ја проширува листата на санкционирани, додадоа уште 25 Руси

Јапонија ќе го замрзне имотот на уште 25 руски државјани и ќе го забрани извозот во 81 руска организација, соопшти Министерството за финансии на Јапонија.

08.10 Зеленски јавно го повика Орбан: Дали си со Путин или со Украина?

За време на неговиот говор на самитот на НАТО, украинскиот претседател Володимир Зеленски директно им се обрати на некои европски шефови на држави, нагласувајќи го нивното сегашно ниво на поддршка или недостаток на поддршка за Украина

08.00 Џо Бајден пристигнува во Полска

По самитот на лидерите во Брисел чија цел беше да се покаже дека Западот е обединет против Русија, претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, оди во Полска за да договори план за бегалците

Share
Scroll to Top