(Од минута во минута) Примирје во Луганск, Мариупол се уште под силно гранатирање

пред 2 години

Денес е 28. ден од руската инвазија на Украина

Клучни настани

Русите уништија вредна лабораторија во Чернобил

Зеленски за пеколот во опколениот Мариупол: Тие се без храна, вода и лекови

Над 120 деца загинале во Украина

Договорено е примирје во Луганск

Од минута во минута

09.00 Договорено е примирје во Луганск

Прекин на огнот е договорен во областа Луганск под контрола на Русија, изјави локалниот гувернер

08.45 Зеленски за пеколот во опколениот Мариупол: Тие се без храна, вода и лекови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека околу 100.000 луѓе останале во јужниот пристанишен град Мариупол, кој е под интензивно руско гранатирање

08.40 Над 120 деца загинале во Украина

Во војната во Украина досега загинале 121 дете, соопшти вчера во порака на Телеграм Канцеларијата на јавниот обвинител, додавајќи дека бројот на ранети деца е 167.

08.35 Заробената новинарка е ослободена, вели дека Русите и го спасиле животот

Украинската новинарка Викторија Рошчина, која беше заробена од Русите, е ослободена од заробеништво откако снимила видео во кое вели дека Русите и го спасиле животот

08.30 Америка ги осудува изјавите на Русија за нуклеарно оружје

Пентагон го осуди одбивањето на портпаролите на Кремљ да ја исклучат употребата на нуклеарно оружје за време на конфликтот во Украина

08.20 Сопругата на Володимир Зеленски: Му се восхитувам секој ден, никогаш нема да се откаже од Украина

Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се заблагодари на првата дама на Франција, Брижит Макрон, и на сопругите на другите лидери кои помогнаа да се зачуваат болните деца.

08.10 Русите уништија вредна лабораторија во Чернобил

Руските трупи кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил ограбија и уништија лабораторија на локацијата, која третираше многу радиоактивен отпад, соопштија украинските власти

08.00 Бајден денеска пристигнува во Европа, а во петок оди во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во Европа, а неговата прва станица е Брисел

Share
Scroll to Top