(Од минута во минута) Рускиот конвој во близина на аеродромот Антонов, Лавров на средба со Кулеба, продолжува евакуацијата на цивили

пред 3 години

Четиринаесети ден од руската инвазија

Клучни настани

Нови сателитски снимки – рускиот конвој во близина на аеродромот Антонов

Прв состанок на министрите за надворешни работи на Русија и Украина

Нов прекин на огнот, нов обид за воспоставување безбедни излези за цивилите

Харков, Чернихив, Суми и Мариупол изложени на силно руско гранатирање

Зеленски: За луѓето кои толку херојски се бранат, сигурно ќе дојде „по војната“

Од минута во минута:

09.15 Русија има нов доказ дека Украина планирала напад на Донбас

Руското Министерство за одбрана тврди дека дошло до тајни документи кои „докажуваат“ дека Киев планирал напад врз сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина

09.10 Директорот на ЦИА: Путин е лут, не го зеде Киев за два дена како што беше планирано

Вилијам Брнс, директор на Централната разузнавачка агенција, повтори дека верува оти Русија најверојатно нема да се откаже, а рускиот лидер Владимир Путин е лут и фрустриран затоа што не го презел Киев за два дена, како што планирал

09.05 Украинскиот актер Паша Ли загина во руското бомбардирање

Талентираниот украински актер и ТВ водител Паша Ли е убиен додека руските сили го бомбардираа градот Ирпин во близина на главниот град Киев

09.00 Олена Зеленска: Војната во Украина не е војна „некаде“, ова е војна во Европа и на границите на ЕУ

Мојата земја беше мирна, а метрополите, градовите и селата беа исполнети со радости на секојдневието. На 24 февруари се будиме со најава за почетокот на војната. Тенкови ја минаа украинската граница, авиони го напаѓаат нашиот воздушен простор. Градовите беа опкружени со ракетни фрлачи

08.55 Медински: Се надевам дека на крајот ќе најдеме решение со Украина

Главниот член на руската преговарачка делегација Владимир Медински изјави дека очекува преговорите меѓу Русија и Украина да вродат со плод и од политички и од аспект на воспоставување хуманитарни коридори

08.45 Прв состанок на министрите за надворешни работи на Русија и Украина од почетокот на инвазијата

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба ќе се сретнат во Турција, потврди руското Министерство за надворешни работи, јавува Би-Би-Си

08.35 Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет

Благодарен сум му на претседателот Бајден. Ова е најсилниот сигнал за цел свет. Едноставно е, секој денар платен на Русија се претвора во куршум или проектил испукан кон суверена држава – рече Зеленски

08.30 Русија најави нов прекин на огнот, нов обид за воспоставување безбедни излези за цивилите

Руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на висок руски функционер, објави дека Русите ќе прогласат нов прекин на огнот за олеснување на хуманитарните коридори

08.25 Главниот украински преговарач: Русија поставува нереални барања, нема да се согласиме да ја укинеме нашата слобода

Главниот украински преговарач, Михаил Подољак, во интервју за британски Телеграф предупреди дека нема да има напредок во мировните преговори со Русија додека не престанат да пукаат во цивили кои се обидуваат да избегаат низ хуманитарните коридори од опколените градови

08.20 Објавени нови сателитски снимки – рускиот конвој во близина на аеродромот Антонов

Американската компанија „Maxar Technology“ објави нови сателитски снимки на кои е прикажан руски конвој во близина на аеродромот Антонов

08.10 Харков, Чернихив, Суми и Мариупол опкружени со руски војници и изложени на силно руско гранатирање

Градовите Харков, Чернихив, Суми и Мариупол сè уште се опколени од руските сили и сè уште се изложени на силно руско гранатирање

08.00 Зеленски: За луѓето кои толку херојски се бранат, сигурно ќе дојде „по војната“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави нова видео порака на својот официјален Фејсбук профил

Share
Scroll to Top