(Од минута во минута) Сепаратисти: Започна нападот на Азовстал, Франција: Подготвуваме ембарго на руската нафта

пред 2 години

ОД минута во минута ја следиме руската инвазија на Украина.

Клучни моменти:

Владимир Зеленски вели дека битката за Донбас е започната
Украина тврди дека руското прегрупирање на исток е завршено и дека е во тек голема офанзива
Путин ја одликуваше бригадата обвинета за масакрот во Буча
Украина објави снимка од уапсен олигарх кој го моли Путин за размена. Русите објавија снимка од уапсени Британци кои бараат замена од Џонсон

Од минта во минута:

09:47 Француски министер: Подготвуваме европско ембарго за руската нафта

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рече дека се подготвува ембарго на руската нафта на ниво на ЕУ, додавајќи дека и францускиот претседател Емануел Макрон го сака овој потег.

09:44 Сепаратисти: Започна нападот на Азовстал

Претставникот на проруската сепаратистичка милиција од Доњецк, Едуард Басурин за руската телевизија изјави дека, според неговите информации, нападот на Азовстал започнал.

08:57 Јермак: Почна втората фаза од војната во Украина

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска изјави дека е започната втората фаза од војната, мислејќи на новиот напад на Русија на истокот на Украина.

08:46 Русите поставија статуа на Ленин во окупиран украински град

Според фотографии објавени на социјалните мрежи, Русите поставиле статуа на поранешниот советски лидер Владимир Ленин во окупираниот украински град Хеническ.

На покривот на зградата може да се види руското знаме.

08:41 Бајден на состанок со сојузниците за украинската криза и воените злосторства

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска преку видео-врска ќе одржи состанок со сојузниците, на кој ќе се разговара за украинската криза, како и за начините за координирање на напорите Русија да биде повикана на одговорност, соопшти Белата куќа.

„ Претседателот ќе одржи безбеден видео-повик со сојузниците и партнерите за да разговара за нашата континуирана поддршка за Украина и напорите Русија да биде одговорна во рамките на нашата тесна координација“, се вели во соопштението.

08:33 (Видео) Потресна слика во Ирпин – пронајдени 269 тела, брзо се копаат гробови

Десетици нови гробници беа ископани на гробиштата во предградието на Ирпин и покриени со венци. Придружувани од погледите на неколку ожалостени луѓе, работниците набрзина ги закопаа загинатите.

08:20 Русите испратија авион по протераните дипломати – поради забраната леташе по многу подолга рута

Руски авион испратен од Москва да ги земе протераните руски дипломати од Шпанија и Грција бил принуден да лета по обиколна рута, долга 15.000 километри поради забраната за летови кон ЕУ, покажуваат податоците објавени од „ФлајтРадар“.

Share
Scroll to Top