Од недела Чешка воведува построг полициски час и ги затвора продавниците

пред 3 години

Чешката влада ќе ги затвори неесенцијалните продавници и услуги и ќе воведе построг полициски час од недела во обид да се запре зголемувањето на инфекциите и хоспитализациите на заразените со коронавирус, изјави чешкиот министер за здравство Јан Блатни.

Тој рече дека Владата го одобрила преминот на земјата на највисоко ниво на владиниот индекс на ризик, што значи заострување на ограничувањата, објави „Ројтерс“.

Во Чешка во последните 24 часа со коронавирус биле заразени 10.821 лице, така што вкупниот број на заразени сега е 646.312.

Од коронавирус починале 51 лице, вкупно 10.664.

Share
Scroll to Top