Од утре границите на Исланд отворени за сите вакцинирани посетители

пред 4 години

Од утре Исланд ќе овозможи влез во земјата за сите лица кои имаат потврда за вакцинација против коронавирус, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Наведено е дека мерката, која од 20 јануари важеше за оние кои доаѓаа од земјите на Шенген зоната, сега ќе биде проширена на сите патници, без оглед од која држава доаѓаат, пренесува „Гардијан“.

Сертификатите за вакцинација издадени од земјите од Шенгенот или Светската здравствена организација ќе бидат прифатени. Секој што го има овој сертификат нема да мора да оди во карантин по пристигнувањето во земјата, ниту пак да има потврда за негативен тест за коронавирус.

Алтернатива на сертификатот за вакцинација е патникот да покаже тест за антитела, што докажува дека имал коронавирус.

Share
Scroll to Top