Околу 50 проценти од Јужноафриканците потенцијално заразени со Ковид-19

пред 4 години

Половина од 59 милиони Јужноафриканци се потенцијално заразени со Ковид-19, покажуваат кои оценуваат дека илјадници смртни случаи од вирусот не се појавуваат во официјалните податоци.

Африканската земја, која е официјално најпогодена од коронавирусот и која спроведе голема кампања за тестирање во првиот бран, регистрирала повеќе од 140.000 дополнителни смртни случаи од мај 2020 година, покажуваат податоците од Советот за медицински истражувања на Јужна Африка (САМРЦ).

Водечката приватна компанија за здравствено осигурување во земјата Дискавери проценува дека околу 90 проценти од тие смртни случаи може да се припишат на коронавирусот, што е 120 000 смртни случаи. Според официјалните податоци, во Јужна Африка се регистрирани само 48.500 починати од последици од коронавирус од околу 1,5 милион.

Јужна Африка е зафатена од вториот бран на пандемијата, предизвикан од позаразна локална варијанта. Во последно време, кривините се поместијаа, бројот на нови случаи падна на околу 2.000 на ден, во споредба со повеќе од 20.000 на крајот на декември, пренесува „Бета“.

Кампањата за вакцинација започна вчера со вакцините на американската компанија „Џонсон и Џонсон“.

Share
Scroll to Top