Олаф Шолц ја предупреди Русија да не користи хемиско оружје

пред 4 години

Секоја руска употреба на хемиско или биолошко оружје во Украина би била кршење на сите правила, сите договори и сите постоечки конвенции, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по вонредниот состанок на Г7 во Брисел.

Шолц решително ги отфрли руските наводи дека Украина развила хемиско или биолошко оружје и го отфрли барањето на рускиот претседател Владимир Путин земјите „непријатели“ да почнат да плаќаат за рускиот гас во рубли, пишува Си-Ен-Ен.

– Валутата на плаќање е дел од договорот и тоа е она што важи. Најмногу се плаќа во евра или долари – изјави Шолц во Брисел.

Share
Scroll to Top