Оман предупредува: Заканите на Трамп се „екстремно алармантни“, светот е пред енергетски колапс

Оман предупредува: Заканите на Трамп се „екстремно алармантни“, светот е пред енергетски колапс

пред 3 часа

Додека светот ги одбројува последните часови од ултиматумот на претседателот Доналд Трамп, се појавуваат нови детали за тајните преговори меѓу Оман и Иран. Главна цел на овие напори е повторно отворање на стратешкиот Ормутски теснец, кој е практично затворен како одговор на американско-израелските напади врз иранска територија.

Две недели преговори за „безбеден премин“
Извори од Оман за Си-ен-ен потврдија дека преговорите траат веќе две недели и се насочени кон воспоставување на посебен „протокол за безбеден премин“. Овој протокол би овозможил влез на комерцијални бродови во оваа клучна поморска рута, која се наоѓа во територијалните води на двете земји.

Според предложениот план, танкерите за нафта и гас кои минуваат низ теснецот би морале:
– Да се регистрираат кај иранските власти;
– Да пловат под знаме на држава која не се смета за непријателска.

Ваквиот чекор во пракса би значел премолчено признавање на иранската контрола врз оваа стратешка рута, што е клучен услов на Техеран за деблокада.

Улогата на Оман како посредник
Оман, земја богата со енергенси која со децении служи како „тивок посредник“ меѓу Вашингтон и Техеран, се обидува да спречи тотална ескалација на војната. Сепак, истиот извор за Си-ен-ен признава дека ваков договор е „тешко остварлив во воени услови“ и нагласува дека најдобро решение останува итен прекин на огнот како прв чекор кон завршување на судирот.

„Алармантни“ закани од Белата куќа
Оман ги опишува последните закани на американскиот претседател Доналд Трамп како „екстремно алармантни“. Трамп постави нов 48-часовен рок кој истекува в понеделник наутро, по што најави уништување на иранската инфраструктура доколку Ормутскиот теснец не биде отворен.

„Ескалацијата носи ризик од несогледливи страдања во многу делови од светот“, предупредува изворот од Оман, алудирајќи на глобалниот енергетски колапс што би следел доколку воените дејствија се прошират врз нафтените постројки.

Текстот Оман предупредува: Заканите на Трамп се „екстремно алармантни“, светот е пред енергетски колапс е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top