Најмалку 351 цивил се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија, додека 707 лица се повредени, се вели во соопштението на набљудувачката мисија на ОН. Конечните бројки веројатно ќе бидат значително повисоки, забележуваат тие.
Повеќето цивилни жртви биле убиени со експлозивно оружје во широк опсег, вклучувајќи тешки артилериски гранатирања и ракетни и воздушни напади.
„Веруваме дека вистинските бројки се многу повисоки, особено на територијата контролирана од владата и во последните денови, бидејќи протокот на информации од некои локации на интензивни непријателства е ограничен и многу извештаи сè уште чекаат потврда“, се вели во извештајот.